Македонија
4. December 2021 - 8:28

Денеска е Воведение на Пресвета Богородица

Народот овој празник го нарекува Пречиста, што одлично ја доловува неговата смисла. Тоа е празник на воведување на пресветата девојка во Ерусалимскиот Храм.

Првосвештеникот Захарија ја воведе не само во храмот, туку и во Светињата над светињите т.е. во најсветото и најчистото место на храмот каде што никој никогаш не влегуваше освен првосвештеникот и тоа само еднаш во годината. Така, Бог преку света Захарија кој беше надвор од себе и обземен од Бога, ја прослави умната и телесна чистота на Марија, која подоцна стана врата на спасението т.е. го прими во себе го носеше и го роди Синот Божји, истовремено и Син Човечки, Христос.

Најчистиот се роди од најчистата утроба. Затоа и празникот е Пречиста.