Денеска е Велика Сабота, ден пред Католички Велигден
Според католичкиот календар денеска е Велика Сабота.
По ноќната света Миса, т.е. свечената литургијата по повод Велигден време е за радост која трае педесет денови т.е. до празникот Духови. Во библиските записи кои денеска ќе се читаат на свечената света Миса, верниците ќе се припомнат на сите Божји добродетелства низ човечката историја, како и на еден од најголемите Негови добродетелства, дека починал за нашите гревови и по три денови славно воскреснал.
Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија Киро Стојанов по повод празникот Велигден што во недела (27 март) го слават граѓаните со католичка вероисповед, денеска упати велигденска честитка.
– Драги браќа и сестри, Велигден е врв над сите празници, но сепак ќе споменам дека тоа не е сеќавање, тоа не е споменување на нешто што поминало, туку тоа е настан кој и денес овде ни се покажува, а тоа е дека Воскреснатиот Исус сака средба со секој од нас. За таа средба од негова страна е покажаната силна љубов кон секој човек, а од наша страна вера и доверба дека сме способни да веруваме во тој нов свет кој Тој го оствари во себе.
Христовото воскресение е темел на секоја човечка надеж и смисла на нашето постоење, бидејќи јасно ни говори дека овде на земјата, во оваа ограничено изнемоштено тело не сме сосема дома. Не очекува преобразба на телото и влез во царството на бесмртноста за кое Тој со своето Воскресение ни ја отвори вратата.
Ново на Сител
-
Укинат пролетниот распуст за учениците
-
Сакале да убијат што повеќе луѓе, Беран А. по потекло од Македонија е првоосомничен за планираните напади во Виена
-
Мила Релиќ со победа над двократната олимписка шамионка влезе во четврт финале!
-
Тешко повреден возач кој излетал од мостот кај Градскиот безан во Велес и паднал на шините на пругата
-
Македонскиот репрезентативец Егоров доживеа тежок пораз во првото коло на Олимписките игри
-
Лишен од слобода маж од Велешко поради предизвикување пожар
-
Уште еден земјотрес од 7,1 степен ја погоди јужна Јапонија
-
Снуп Дог наводно заработува милиони само за да присуствува на Олимпијадата