Денеска е светла среда: Вечерва погледнете во небото
Денешниот ден, првата среда после Велигден, кај народот е познат како светла среда. Постарите велат дека вечерва треба да се гледа во небото. Ако е ведро и полно со ѕвезди, годината ќе биде родна. Ако има облаци не чека година на сиромаштија.
Некои намерно бараат ѕвезди што паѓаат бидејќи се верува дека оној што прв ќе види ѕвезда како паѓа ќе има повеќе среќа од останатите. Овој обичај се врзува и за мртвите. Ако неодамна ви починал некој вечерва треба да погледнете во небо, бидејќи старите велат дека денес по полноќ ќе падне и неговата ѕвезда.
Денешната среда се нарекува и поцрнета среда, а називот го добила според еден стар обичај кој се практикувал до пред Втората светска војна. Имено, на денешен ден по селото се движела поворка составена исклучително од неженети момчиња до триесеттата година. Тие биле следени од свирачи и со себе влечеле стебло.Овој ведар и живописен обичај го симболизирал верувањето за потребата и смисолот на бракот, а тие кои се уште не го засновале на овој начин јавно биле „прозвани“ или како што се велело „поцрнети“.
Ново на Сител
-
Милошевски: РФМ ќе поднесе жалба за судењето
-
Холандија ја совлада Македонската репрезентација во Вараждин
-
Средба на Владата и Синдикатот по враќањето на премиерот од САД
-
Израел одреди 95 палестински затвореници кои ќе бидат разменети за 3 жени заложници
-
Врховниот суд во САД потврди закон за забрана за ТикТок
-
Во Куманово ограбена бурекчилница
-
Политико: ТикТок ќе обезбеди 50.000 долари за инаугурациската забава за Трамп
-
Автобус на ЈСП прегази 60-годишен маж кај Транспортен