Македонија
2. October 2019 - 8:30

Денеска е Светите маченици Трофим, Савантиј и Доримедонт

Во третиот век, кога во Антиохија беше началник Атик, таму дојдоа двајца христијани, Трофим и Саватиј. Тогаш во Дафна, кај Антиохија се погоди празник во чест на Аполон. Некои од граѓаните видоа дека Трофим и Савантиј не учествуваат во празникот и му јавија на Атик. Овој ги затвори. Откако го измачи Трофима го испрати во Фригија кај Дионисиј, па почна да го мачи Саватиј, од што Саватиј го испушти духот. И Динисиј го стави Трофима на големи маки и пак го врати во затворот. Тогаш дојде кај него некој сенатор Доримедонт, таен христијанин и му служеше. Кога дозна за ова Дионисиј го фрли двајцата на ѕверовите. Меѓутоа ѕверовите не ни допреа до нив. Најпосле, мачителот нареди да им се отсечат главите.

Ново на Сител