-->
-->
Денеска е Свети свештеномаченик Теодот Анкирски
-->

Теодот живееше во времето на императорот Диоклецијан. Беше женет човек и во градот Анкира држеше една гостилница. Во Христа веруваше тајно, но не пасивно: им помагаше христијаните по околните пусти места и ги погребуваше расфрлените тела на мачениците. Кога во градот беа погубени седум девојки христијанки, Теодот тргна да ги бара нивните тела. Ги најде и ги погреба. Но, властите дознаа за таа негова постапка и тој беше изведен пред суд. Го ставија на маки, а потоа го погубија. Така пострада овој пречесен аристократ по дух, во 303 година. Подоцна некој свештеник го зеде неговото тело и го погреба на една восочинка близу градот, каде подоцна беше подигната црква во негово име.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Урбан Драјв Фестивал на Мото Илинден за поголема безбедност на моторциклистите
-

Тема на денот со Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Реакции на посетата на Фон дер Лајен
-

Бугарија ги пречека останките на Цар Самоил со државни и воени почести
-

Горивата поевтинуваат од следната недела, се преговара со ОКТА за дополнителен попуст
-

Минчев од Националната академија за јавна администрација на Италија
-

Продолжува пензионерскиот „бунт“ во Свети Николе
