Денеска е Свети Стефан - жените да изнесат една работа од домот за да го заштитат од несреќа
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 27 декември.
Денеска е Св. архиѓакон и првомаченик Стефан.
Овој Стефан беше евреин, соработник на апостолите. Еден е од седумте ѓакони на ерусалимската црква. Со него почнува подвигот на мачениците, па во таа смисла и е наречен првомаченик. Пострада од евреите во Синедрионот, откако во долга беседа им докажуваше дека оној Исус кого тие го убија беше навистина Помазаникот што го очекуваат, т.е. Христос. Расказот за него може да се прочита во новозаветната книга Дела апостолски. Во 415 година, неговите мошти се пронајдени на чудесен начин и сместени во Сионскиот храм во Ерусалим.
Најраспространет обичај на овој ден е да се изнесе слама од домот. Имено, уште од дамнешно време се верува во нејзината чудотворна моќ, па оваа слама внимателно се собирала и се поставувала покрај насадите кои требало да вродат со плод. Се ставала во виноградот за грозјето повеќе да раѓа, или пак во кокошарникот за кокошките да несат повеќе јајца.
Затоа денеска се задржал овој обичај да се изнесува Божиќната слама од дома и да се постави на места каде што за домаќините е важно да има напредок. Според верувањата оваа слама никао не смее да се фрла, а најчесто жените треба да ја отстранат и тоа молчејќи - за да не се слушне дека Божиќ заминува.
Ново на Сител
-
Течат роковите за приговори до ДИК, партиите продолжуваат со изборните активности
-
ЦУК: 1.694 повици на 112 во последното деноноќие
-
Состојба на патиштата
-
САД денеска ќе објават нов пакет помош во оружје за Украина вреден шест милијарди долари
-
Додик подготвен да се поклони пред бошњачките жртви во Сребреница, но не признава геноцид
-
Зеленски повика на инвестиции во украинската одбранбена индустрија
-
Утрото постудено, преку денот сончево со умерена облачност
-
Пентагон соопшти дека почнала изградбата на привремено пристаниште во Појасот Газа