Денеска е Свети пророк Захариј и праведна Елисавета
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 5 септември.
Денеска е Св. пророк Захариј.
Свети пророк Захариј е таткото на свети Јован Крстител. Потекнуваше од свештеничкото Ароново племе. Син му Јован му беше даден кога тој и жена му Елисавета беа во поодминати години, како дете на верата, т.е. заради нивниот свет живот и цврстата вера во Бога. Животот го заврши маченички беше погубен од Иродовите војници покрај олтарот.
Свети пророк Захариј и праведна Елисавета
Празник на родителите на Св.Јован Крстител
Светите Захариј и Елисавета, чесни и побожни луѓе, биле разочарани затоа што немале деца, а бездетството тогаш се сметало за Божја казна за некој голем грев. Биле во длабока старост па и покрај деноноќните молитви упатени кон Бога, сè помалку верувале дека ќе добијат рожба. Еднаш додека Захариј служел во храмот му се јавил ангелот Гаврил и му соопштил дека ќе добие син, и да му стават име Јован. Захариј во моментот не поверувал поради што за казна онемел. Подоцна навистина добил син кому му ставиле име Јован. Тоа се случило шест месеци пред да се роди Исус.
За време на царот Ирод, кога наредил да се убијат сите деца до две години, за да биде убиен и новородениот цар јудејски, Захариј своето дете и Елисавета го скрил во пештера. Кога не можеле да го најдат детето војниците го убиле Захариј. Споменот на Захариј и Елисавета се празнува на 18/5. IX, а зачнувањето на свети Јован Крстител на 6. Х/23 IX.
Ново на Сител
-
Осумдесетгодишна жена нападната од својот сосед
-
Кибер експерти на украинското МО ги хакирале серверите на руската Дума и Уставниот суд
-
Сити ги осуди расистичките навреди упатени кон Кајл Вокер
-
Намалена видливост поради магла кај патот Маврово - Маврови Анови и планинските превои Ѓавато и Плетвар
-
Трамп сака крај на војната во Украина и во Појасот Газа
-
Без струја утре дел од општините Центар и Карпош, без вода дел од Центар и Гази Баба
-
Полицијата влезе во Судски совет по наредба на ОЈО
-
Јермак: Украина се уште не е подготвена за преговори со Русија за завршување на војната