Живот
5. January 2020 - 15:16

Денеска е Свети Наум Охридски- чудотворец, исцелител и просветител на македонскиот народ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 23 декември.

Денеска е Св. Наум Охридски, монах и презвитер.

Свети Наум му беше најблизок соработник на божествениот Климент, а и на светите браќа Кирил и Методиј. Со последниве тој беше заедно во нивната мисија во Моравија. Потоа некое време престојуваше во престолнината на Бугарија, Плиска, а најпосле дојде да биде учител во охридско, во времето кога Климент стана епископ. Потоа тој основа манастир на Охридско езеро, денениот Свети Наум, каде ги помина последните 10 години од животот.

Мирно се успокои во Господа, како монах, во 910 година. Тој до денес не престанува да чудотвори. Посебно е познат како исцелител на душевно болни. Затоа кај нас особено лекарите-психијатри го имаат за свој заштитник.