Денеска е Св. вел. мач. Евстатиј Плакида
Тој е голем римски војсководец за време на владеењето на императорите Тит и Трајан. Еднаш, гонејќи еден елен го слушна гласот Господов што го упатуваше да се крсти. Тој се врати од ловот и се крсти заедно со жената и двата сина. Кога дојде на истото место да ми се заблагодари на Бога што го доведе до вистината, пак му се јави гласот Господов и му прорече страдање за Христа. Тој тајно го напушти Рим и се насели во Египет. Кога варварите го нападнаа Рим за време на цар Трајан, овој испрати двајца офицери да го бараат големиот војсководец. По Божја помисла, тие го најдоа во Египет и му го доведоа на императорот. Евстатиј собра војска и ги победи варварите. Во меѓувреме цар Трајан умре и го наследи Хадријан. Кога Хадријан дозна дека Евстатиј е христијанин го фрли заедно со семејството во вжештен метален вол. Третиот ден ги најдоа мртви, но неповредени од огнот. Овој славен војвода го даде „на царот царевото, а на Бога божјото“ и премина во вечното Христово царство.
Ново на Сител
-

Техеран и САД имаат различни мислења за укинување на санкциите, тврди ирански официјален претставник
-

САД за прв пат транспортираа нуклеарен микрореактор од Калифорнија до Јута
-

Две угинати ретки птици мршојадци пронајдени во Кавадаречко, дадени на обдукција
-

Арапските земји ја осудија изјавата на американскиот амбасадор за правото на Израел
-

Полицајка го загуби животот, а 15 лица се повредени во експлозии во украинскиот град Лавов
-

Пакистан нападна талибански бази во Авганистан
-

Последен ден на ЗОИ2026, Норвешка со најмногу медали
-

Пет тела на мигранти пронајдени на брегот источно од Триполи
