Денеска е Св. пророк Михеј
По род бил од Јудиното племе, од селото Мориси. Современик е на пророците Исаија, Амос и Осија (осмиот-седмиот век).
Ги разобличувал пороците на својот народ, лажните пророци, ја претскажал пропаста на Самарија, како и на Ерусалим, за кој вели дека ќе пропадне зашто неговите старешини земаат мито, свештениците учат за плата, а неговите пророци гатаат за пари.
Од сите пророштва најважно му е пророштвото за местото каде што ќе се роди Месијата, во кое вели: А ти, Витлееме, по ништо не си помал од Јудините кнежевства; од тебе ќе излезе оној кој ќе владее со Израилот и чие потекло е од оној крај на времето, од вечните денови.
Не се познати околностите во кои го завршил животот.
Неговите мошти се пронајдени во времето на цар Теодосиј Велики, според откровението што му беше даде¬но на Елевтерополскиот епископ Зевин.
Ново на Сител
-
Тргна коњаницата кон Крушево
-
Тема на денот со Марјан Калевски, Зелен Хуман Град
-
Претседателката на Антикорупциска поднесе оставка
-
Пратениците во вторник ќе расправаат за интерпелацијата на државниот обвинител Коцевски
-
Втор ден потрага по 16-годишно девојче кое вчера ја повлекоа водите на Вардар кај Уланци, Градско
-
Активни 6 пожари
-
Топлотниот бран ги „вжешти“ телефоните во Скопската брза помош
-
Расте бројот на нови партии пред изборите, без измени на Изборниот законик нема независни кандидати