-->
-->
Денеска е Св. пророк Малахиј и св. маченик Гордиј
-->

Денеска е Св. пророк Малахиј и Св. маченик Гордиј.
Свети пророк Малахиј е еден од 12-те мали пророци. Неговата книга е последна од книгите на Стариот завет. Пророкувал по враќањето на Евреите од вавилонското ропство, при крајот на петтиот век пред Христа. Денес се слави и споменот на свети маченик Гордиј.
При крајот на гонењата на христијаните, во 314 година, некои христијани од Кападокиска Кесарија се скриле во пустината. Меѓу нив бил и Гордиј. До нив постојано доаѓале гласови за маките на христијаните во Кесарија, па еден ден Гордиј излегол од пустината и се вратил во градот, каде јавно исповедал дека е христијанин. Заради тоа бил погубен. Неговото мачеништво се случило во 314 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски
-

Се помалку надеж за мир
-

Пожар во поранешен „Декортекс“, изгореа машини и магацин
-

Може ли иницијативата на Мерц да го придвижи процесот на проширување на ЕУ?
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица кои го негираат македонскиот идентитет
-

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата
-

Семејно насилство: Статистиката расте, но се буди и свеста за пријавување
-

Судството со 300 наместо потребните 456 судии, недостасува и администрација
