Македонија
27. December 2015 - 10:25

Денеска е Св. маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и Аријан

Тирс и Левкиј беа родум од Кесарија. Пострадаа за вре¬ме на император Декиј, во средината на третиот век. Гледајќи го нивното сведочење во текот на измачувањата, еден незнабожечки жрец Калиник, се обрати во верата и пострада заедно со нив. Филимон и Аполониј, пак, пострадаа за време на царувањето на Диоклецијан, во Египет. Уверен во Христовата вера преку нивното сведоштво, заедно со овие двајца пострада за Христа и самиот хегемон Аријан.