Денеска е Собор на св. Јован Крстител, главниот збор го имаат жените
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 јануари. Денеска е Собор на св. Јован Крстител.
Уште од првите векови Црквата утврдила овој ангел во тело да се прославува веднаш после празникот Боголавление. Тоа е затоа што неговата главна служба, неговото главно дело, се состоеше во подготвувањето на народот за доаѓање¬то на Помазаникот Исус. Така, иако свети Јован Претеча и Крстител се прославува на неколку пати во текот на годината, неговиот собор т. е. главен празник е на денешен ден.
Именден прославуваат Јовановци. Овој ден се вика уште и Женски Водици поради што главен збор во изведувањето на обичаите имаат жените. Покрај другото на овој ден жените одат по коледица, и тоа само по куќите од својата компанија. Најпрвин една девојка облекуваат во невестинска облека, таа бацува рака и ги собира подароците, најчесто пари. Одејќи низ селото водичарките пеат: „Појдов дојдов низ село / најдов сено косено…“ во дворот од куќата: „Овде дворје метени / овде моми плетени…“, во куќата на секој член од семејството му пеат посебна песна во зависност од неговата старост и положбата во фамилијата.
Ново на Сител
-
Поради дефект без вода делови од Ченто
-
Обид за убиство Струга, едното лице го бодело оштетениот со нож во стомак и врат, другото лице довикувало да го „доврши“
-
Изминатиот викенд 1077 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 314 за брзо возење
-
Активен пожарот помеѓу Слупчане и Ваксинце, зафатена сува трева и нискостеблеста шума
-
Премиерот Мицкоски на поставување камен темелник на нова спортска сала во Воената академија во Скопје
-
ЦУК: Активни четири пожари, два под контрола
-
Првиот клуб на починатиот фудбалер Жота ќе користи дрес со неговиот лик
-
Тројца убиени во руски напад во регионот Запорожје, вели регионалниот гувернер