Денеска е Собор на св. Јован Крстител, главниот збор го имаат жените
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 јануари. Денеска е Собор на св. Јован Крстител.
Уште од првите векови Црквата утврдила овој ангел во тело да се прославува веднаш после празникот Боголавление. Тоа е затоа што неговата главна служба, неговото главно дело, се состоеше во подготвувањето на народот за доаѓање¬то на Помазаникот Исус. Така, иако свети Јован Претеча и Крстител се прославува на неколку пати во текот на годината, неговиот собор т. е. главен празник е на денешен ден.
Именден прославуваат Јовановци. Овој ден се вика уште и Женски Водици поради што главен збор во изведувањето на обичаите имаат жените. Покрај другото на овој ден жените одат по коледица, и тоа само по куќите од својата компанија. Најпрвин една девојка облекуваат во невестинска облека, таа бацува рака и ги собира подароците, најчесто пари. Одејќи низ селото водичарките пеат: „Појдов дојдов низ село / најдов сено косено…“ во дворот од куќата: „Овде дворје метени / овде моми плетени…“, во куќата на секој член од семејството му пеат посебна песна во зависност од неговата старост и положбата во фамилијата.
Ново на Сител
-
ЕИБ ќе обезбеди гаранции за 1,95 милијарди евра за поддршка на Украина
-
Трамп паузира со воведување царини за стоки од Мексико и Канада што ги користи американската автомобилска индустрија
-
Хегсет: САД се подготвени за војна со Кина
-
Посебен сообраќаен режим во Скопје поради официјалната посета на претседателот на хрватскиот Сабор
-
Минималната плата ќе биде зголемена, но не се знае за колку
-
Претседателот на Хрватскиот сабор, Јандроковиќ во официјална посета на земјава
-
Протест во Атина за железничката несреќа - хартиени фенери во спомен на загинатите
-
Здраво слабеење преку факти - Едно тело, илјада избори | Александар Дренковски | Sitel Podcast 084