Денеска е првиот ден во кој маските во затворен објект не се обврска
Маските кои беа најголемиот симбол на присуството на Ковид 19, повеќе се не задолжителни во молови, маркети.
Но на првиот ден откако граѓаните можат слободно да дишат кога ќе влезат во тровски центар или во продавница, сликата која ја забележа екипата на Сител е како луѓето да живеат во два различни светови, Еден каде вирусот повеќе не постои и друг каде се уште се чувствува страв од негово присуство. Додека во мол речиси и да немаше лице кое носи маска, на каса во маркет речиси и да немаше човек кој беше без неа. Најисплашени беа возрасните, кои се скептични дека светот ќе се врати во старото нормално. Но повеќето граѓаните ја поздрвија одлуката на надлежните.
Вчера Владата ги усвои препораките на Комисијата за заразни болести според која граѓаните немаат задолжителна обврска да носат маски во затворен простор, освен во аптеки, болници, јавен превоз и старски домови. Но иако станува збор за право на избор, надлежните препорачуваат возрасните лица и оние со здравствени проблеми да не се откажат од маските во оние објекти каде носењето заштита повеќе не е задолжително.
-
Елена Милошевска
Сите содржини од овој новинар