Денеска е Претпразненство на Крстовден

Денеска е Свети свештеномаченик Корнилиј - Претпразненство на Крстовден
Тој беше Римјанин и римски офицер во Кесарија Палестинска. Беше прв од незнабожците кои и пристапија на Божјата црква. Откако се крсти Корнилиј остави се и тргна по апостолот Петар. Овој апостол подоцна го постави за епископ и го испрати во незнабожечкиот град Скипсеосис, каде што Свети Корнилиј претрпе многу бесчестења и мачења заради Христа, но со сила Божја го урна храмот на Аполон и го крсти кнезот на тој град, Димитриј. Откако беше известен од Бога за денот на својата смрт, тој ги повика сите христијани, ги посоветува, се помоли на Бога за нив и мирно се претстави кај Господ во својата чесна старост. Со време го заборавија неговиот гроб и стана запуштен.
Но, светителот му се јави на Троадскиот епископ Силуан и му јави за својот гроб, со заповед таму да се подигне црква. Епископот го изврши тоа со помош на богатиот гра|анин Евгениј.
Според Католичкиот календар денеска е Св. Кузма и Дамјан.
Според историските извори Кузма и Дамјан биле лекари во Егеј. Нивната дејност придонела луѓето да го прифатат христијанството. Тие лекувале и дејствувале апостолски т.е. го ширеле светото верување, се додека за време на прогонствата на Диклецијан, префектот Лусијас не ги измачувал, а тогаш им биле отсечени главите. Поради верувањето во христијанската вера тие ги поднеле мачеништвата. Свети Кузма и Дамјан се заштитници, лекари и аптекари.
Ново на Сител
-

Србија не поканила делегација на Европскиот парламент да ги набљудува парламентарните избори
-

„ВИ“ ги презема рутинските задачи на пазарот на трудот, работодавачите бараат „човечки“ вештини
-

Нетанјаху им се заблагодари на Трамп и Рубио за санкциите кон МКС
-

Тинекс останува Тинекс!
-

Акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети – констатирани 161 прекршок
-

Сообраќајка на влезот на Скопје - километарски колони на возила
-

ПЕТ центарот ќе работи и за викенд
-

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
