Денеска е Преподобен Пимен Велики

Преподобен Пимен живее{е во петтиот век. По род беше Египѓанец. Монаштвото го засака уште како дете, па ги посетуваше големите старци и трудољубиво собираше од нив поуки, како што пчелата го собира медот од најубавите цветови. Подоцна се замонаши, а по него се замонашија и неговите двајца браќа. Манастирот на овие тројца браќа, со кои раководеше најстариот од нив авва Анубиј, го имаше следниов типик: ноќта ја поминуваа четири часа во ракоделие, четири часа во спиење и четири часа во псалмодија; од утрото до пладне времето го поминуваа наизменично во работа и молитва; од пладне до вечерната читаа, а потоа го јадеа единствениот оброк за 24 часа, што обично се состоеше од зеље. Секојдневно се смируваа еден пред друг. Така проживеа преподобниот Пимен до длабока старост и мирно се упокои во Господа.
Ново на Сител
-

Синдикалната кошница над 70.000 денари, Ристески: најголем дел од населението зема плата околу просечната
-

Кривична против Јани Макрадули – Штета во Пошта од близу 11 милиони денари
-

Нови 100 амбулантни возила за цела Македонија
-

Нова понуда за професионалните војници – До пензија да останат во АРМ
-

Oдложено рочиштето за Државна лотарија поради отсуство на сведокот на обвинителството
-

Правосуден испит на македонски јазик
-

Обвинителите бараат итна одлука од Уставен за намалените плати
-

ССК со предлог - Плаќање по саатнина за поголема продуктивност на работниците
