Денеска е Преподобен Мојсеј Мурин

Мојсеј беше Египѓанец. Првин беше роб, а кога му се даде прилика избега од господарот и стана разбојник. Надарен со голема телесна снага и имајќи луда смелост и безобзирност во потфатите, тој наскоро се наметна за водач на својата дружина. Стана страв и трепет за целата околија. Но, по некое време се покаја, ја напушти дружината и стариот живот и се настани во еден манастир, а потоа уште повеќе се повлече во една осамена келија и тука секојдневно се бореше со опашките од своите страсти. Доживеа длабока старост. Бесниот Мојсеј во смирението стана сличен на Христа, на Бога. Во поодминати години основа свој манастир, во кој погина при еден напад на варварите. Тој, имено, со очите на духот ја виде нивната навала и ги испрати останатите од манастирот, а самиот остана во манастирот зашто сметаше дека оној кој во животот вршел насилства треба и да погине од раката на насилниците.
Ново на Сител
-

Се проширува истрагата за ботоксите - уапсени двајца доктори
-

Уапсени двајца членови на Беланоца
-

Министерот за здравство во заминување очекува Законот за заштита од пушење цигари да се изгласа до август
-

Тема на денот со Методиј Хаџи Јанев, професор
-

Македонија е пред дел од Европа според БДП по жител, покажува анализа на „Ворлд Атлас“
-

Органодонорството шанса за нов живот
-

Драма на летот над Македонија
-

Ќе има ли нови изборни правила до 15 јули? Власта со нов повик до опозицијата
