Македонија
11. February 2016 - 8:22

Денеска е Пренесување на моштите на св. Игнатиј Богоносец

Антиохискиот епископ Игнатиј пострада за Христа за време на владеењето на император Трајан, во Рим, а неговите мошти христијаните ги собраа и ги пренесоа во Антиохија. Ова прво пренесување на моштите стана веднаш по неговата смрт, во почетокот на вториот век. Моштите на свети Игнатиј уште еднаш беа пренесени, сега во Рим во црквата Свети Климент, пред арапското освојување на Антиохија во седмиот век. Денес Црквата, сеќавајќи се на двократното сочувување на моштите на свети Игнатиј, го празнува исклучително важното сведоштво на овој антиохиски свештеномаченик.