Македонија
8. September 2015 - 20:01

Денеска е последниот сончев ден, од утре доаѓа студен бран

Во Австрија 20 см снег,  2 степени во Хрватска, студено ќе биде и во Македонија.  По топлотниот бран и портокаловата фаза пред неколку денови, синоптичарите најавуваат ниски температури. Нема да имаме зимски услови како во Оточац, но нема излегување без јакна и чадор. Според прогнозите постои температурна разлика од околу 15 степени и од 39 кои беа минатата недела, во четврток не очекуваат 22. Од УХМР најавуваат и обилни дождови со кои повторно ќе биде зафатена Западна Македонија.

-Имаме опаѓање на температурите и утре ќе има ветер а во четврток доажа влажен бран и дождови кои на места ќе бидат многу обилни како во западниот дел од земјата, вели Ленче Ризова од УХМР

 Наглото опаѓање на температурите најмногу го чуствуваат метеопатите. Според лекаритре кај нив симптомите се појавуваат ден два пред или после температурните разлики.

-Секако дека има проблеми по здравјето и ги чуствуваат не само болни туку и здравите. Доаѓа до забрзано отчукување на срцето, проблеми во респираторниот систем особено оние кои имаат астма и затоа треба редовно да ја примаат пропишаната терапија, вели др. Оливер Алексовски од Брза Помош

Ваквите температурни промени можат да предизвикаат зголемување на бројот на срцеви и мозочни удари. А додека граѓаните се прилагодат на пониските температури, од наредниот викенд повторно ги очекува топло време со температури до 30 степени.