Денеска е летен празник на светците кои лекувале со допир - Со овие зборови, ќе се ослободите од било каква болка!

Православните верници денеска го слават свети Козма и Дамјан. Именден празнуваат: Кузман, Кузе, Дамјан, Даме. Овие господови лекари наречени и Свети бесребреници имаат два празника, на 1 јули (Свети врачи - летни) и на 1 ноември (според стариот календар).
Браќата Козма и Дамјан потекнуваа од Рим. Беа крстени уште во детството и воспитани во христијански дух. Господ им даде таква благодат што лечеа со обично положување на раце. И тоа лечеа не само луѓе, туку и животни. Со сила. Не со лекарства. А се држеа до зборовите на Спасителот: бесплатно добивте, бесплатно давајте, па за тој свој труд не сакаа да примат плата од луѓето. Дури, кога го наследија големиот имот од родителите, го раздадоа на сиромашни. Овие беспрекорни образи на православната христијанска светост пострадаа од зависта на некој нивен поранешен ученик, кој ги повика во планина божем да собираат лековити билки, а ги уби со камења. Пострадаа во 284 година.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љупчо Зиков, новинар/аналитичар
-

Над 200 семејства од Струмичката епархија ќе добијат празнични пакети од „Елеуса“
-

Почина двегодишното дете повредено во Шуто Оризари за новогодишната ноќ
-

Деца ќе останат со инвалидитет, возрасни во болница поради користење на петарди
-

МВР го расчисти убиството за новогодишната ноќ
-

Се уште се бара Македонецот кој исчезна во пожарот во Швајцарија, бројот на загинати се искачи на 47
-

Запленети 10 килограми кокаин во околината на Скопје
-

Протест против 11 годишната затворска казна за Фатон Љури
