Денеска е Чист Понеделник: Почнува велигденскиот пост
Денот по Прочка е чист понеделник кога почнува големиот велигденски пост. На овој ден се чисти куќата, особено се внимава садовите за храна да се измијат и испоснат од мрсното. Во минатото тоа се правело со брашно или пепел и со подолго вриење.
За време на велигденските пости покрај вообичаените конзумирања храна од растително потекло, житарици, зеленчук и овошје, постојат и одредени карактеристични продукти што се подготвуваат само во одредени денови за време на постите.
Во текот на седумнеделниот период на Велигденскиот пост има повеќе празници. Во првата недела од великите пости, од понеделникот до средата се деновите наречени тримери кога не се конзумира никаква храна ниту течност. Одредени продукти од храна се подготвуваат за денот по завршувањето на тримерите, што е третиот ден од почетокот на великиот пост.
Во средата, кај оној што ги “држел” тримерите и каде што имало млада невеста, доаѓале гости. Домаќинката за таа прилика има подготвено варена пченица со конопни зрна, ошав – компот од црни сливи и друго сушено овошје (јаболко, суво грозје, диви сливи), кравајче од пченично брашно замесено со пепелница, украсено со бонбони. Се месело, исто така, и пита-зелник, со зеље, одозгора посолено со сусам додека на дното од тепсијата се ставале сецкани ореви. Задолжително за таа прилика како пијалок се носело и боза. Гостите што доаѓаат на посета исто така носеле боза, кравајче и пченица. Во оваа прилика се купувало и сезонско овошје, особено портокали.
Првата сабота после прочка е празникот Тодорова сабота – Тодорица, а саботата пред Велигден е Лазарова сабота, а во неделата се Цветници. Празникот Благовештение кој секогаш е на 7 април.
За празниците Благоец и Цветници дозволена била употреба на посни меса во кои спаѓаат рибата и полжавите. Рибата печена или пржена на масло, или подготвена со ориз или, пак, со запржен кромид и суви црни сливи, била скоро задолжително подготвувана во овие денови. Полжавите се печеле или се вареле како готвено јадење со зеленчук.
Ново на Сител
-
Од 902 сообраќајни прекршоци вчера, 148 без возачка дозвола
-
Сиљановска Давкова нема да предложи нов член на Судскиот совет, ќе го почека носењето на новиот закон
-
Два полициски хеликоптери го гасат пожарот кај Чучер-Сандево, досега исфрлени преку 70 тони вода
-
Фрлени палети намачкани со бензин, некој сакал да го реактивира пожарот кај Чучер-Сандево | ВИДЕО
-
Малолетничка уценувана од нејзиното поранешно момче, му дала 800 евра за да не објави експлицитни фотографии од неа
-
Мицкоски: Државата не се гради од центарот кон периферијата, туку од темелите нагоре
-
Трамп најави укинување на санкциите кон Иран „во соодветен момент“ и нова воена помош за Украина
-
Опожарени 130 хектари сува трева и ниска вегетација во Руѓинце