Денеска дожд па снег, температурата во тренд на опаѓање
Времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои во текот на денот почнувајќи од северозапад ќе поминуваат во снег. На планините во западните делови се очекува да бидат пообилни и да се формира снежна покривка повисока од 50 сантиметри, а на повеќето пониски места од 10 до 20 сантиметри. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец, повеќе ќе биде изразен долж Повардарјето и наместа ќе предизвика снежни наноси.
Утринската температура ќе се спушти до околу минус еден, а дневната ќе достигне до 4 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а попладне постепено врнежите ќе поминуваат во снег. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе достигне до четири, а дневната ќе се спушти до два степени.
Во недела ќе дува засилен ветер кој повремено ќе достигнува брзина до околу 80 км/ч, што ќе предизвика локални снежни наноси.
Од понеделник се очекува стабилизирање на времето, но со позначително пониски температури. Најстудено ќе биде во вторник и среда кога наутро на повеќе места ќе се спушти под минус 15 степени.
Ново на Сител
-
Роналдо на врвот на листата на најплатени спортисти во 2024 година во изборот на Спортико
-
Шефот на НАТО: На Украина никогаш не и било ветено членство
-
Зеленски: Нема да прифатиме договори меѓу САД и Русија без учество на Украина
-
Кривична против две лица од Скопје, обид за убиство
-
Кривична против сопственик на угостителски објект во Струга, сомнение за кражба на електрична енергија
-
15-годишно девојче пријавено за исчезнато
-
Бојкотите продолжуваат: Драматично зголемување на цените на храната во ЕУ и Западен Балкан
-
Шолц: Нема милост за уапсениот за нападот во Минхен, тој мора да ја напушти земјата