Живот
30. July 2015 - 13:21

Денес и утре бесплатно кафе во ова скопско кафуле

Бесплатно кафе за сите гости само денеска и утре нуди скопското кафуле „Скопје Кафе“ сместено на Плоштад Македонија.

Имено, на таблата пред популарното скопско кафуле „Скопје Кафе“ стои напис „Coffee 0e because Skopje Café ♥ you“ со што кафулето во центарот на градот уште еднаш покажува како умее да се грижи за своите клиенти.

Во овие два дена, четврток (30 јули) и петок (31 јули) сите што ќе дојдат во кафулето ќе можат да си изберат бесплатно кафе по сопствен избор.