Македонија
16. November 2015 - 15:23

Денес е Свети Ѓорѓи: На овој ден не треба да се изнесува ништо од домот - Еве зошто!

Православните верници, денеска за време на богослужбата се потсетуваат на Свети Ѓорѓи и неговото значење во христијанството.
 
Постои верување дека денес не смеете ништо да изнесете од вашиот дом, во спротивно во текот на годината ќе имате само трошоци без приходи.
 
Народните верувања велат дека денес не треба да се преде волна, да се пере. Жените не треба да се поврзуваат со било каква рачна работа.
 
Народот верува дека токму на денешен ден доаѓа зимата, а си заминува на Ѓурѓовден (6ти мај).