Македонија
19. August 2022 - 8:18

Денес до 42 степени, кон крајот на денот услови за пороен дожд, грмежи и ветер

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот ќе има зголемена облачност, локално со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме.

Максималната температура ќе биде во интервал од 34 до 42 степени. УВ индексот ќе достигне 8.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала облачност и со слаб ветер од променлив правец. Кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста и во делови од котлината со услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Максималната температура ќе достигне до 39 степени.