Дендиас: Во интерес на Македонија и Грција е да имаат добри односи
Во интерес на Македонија е да има добри односи со Грција, како што секако важи и обратното. Ова го диктираат геополитичките услови во регионот и ова треба да претставува заедничка цел на двете земји, вели министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендис во интервјуто за весникот „Реалњуз“.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, шефот на грчката дипломатија уште еднаш ја изразува поддршката на Грција за европската перспектива на нашата земја, под, како што вели, поставените услови и додава дека се надева на одржување на првата меѓувладина седница со ЕУ.
– Но, основен критериум за постигнување на оваа цел е почитување на одредбите и духот на Договорот од Преспа и унапредување на добрососедските односи. Дека во самиот договор постојат проблематични точки, е познато, а Нова демократија, тогаш како опозиција, навремено го изрази нејзиното спротивставување за конкретните членови. Но, Договорот од Преспа е во сила и мора да се спроведе на правилен начин. Иако се направени доста чекори во оваа насока, сепак постои многу простор за подобрување како од јавните, така и од приватните ентитети, вели Дендиас.
Тој додава дека не треба да се даваат погрешни изјави „што предизвикуваат емотивни реакции кај грчкиот народ“, бидејќи таквите изјави „не помагаат во подобрувањето на климата во билатералните односи и сигурно не ја зајакнуваат европската перспектива на земјата“.
Ново на Сител
-
Велика Британија воведе санкции за руски официјални лица поради обвиненија за нелегална депортација на украински деца
-
Пешак загина во Штип откако во него удрило патничко возило
-
23-годишник со два ножа се шетал во Гази Баба
-
Николоски: Проектот “Купи куќа за млади” стартува од следната година
-
АТП ги објави тенисерите со најголема заработка во 2024 година
-
Клоп би можел да го замени Симеоне во Атлетико
-
Хрватската опозиција на седница на Саборот остро го критикува премиерот Пленковиќ поради корупциската афера „Берош-Петрач“
-
Синот на норвешката принцеза е уапсен поради силување