Дендиас: Ратификуваните меѓународни договори не се менуваат своеволно
Меѓународниот Договор од Преспа е ратификуван и стапи во сила, па според тоа, не може да се менува своеволно, пишува министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас во одговор на пратеничко прашање на Андониос Милонакис од партијата Грчко решение, во однос на тоа дали може да се поништи Договорот од Преспа, jави дописничката на МИА од Атина.
– Меѓународниот Договор од Преспа, како што е познато, е ратификуван од грчкиот Парламент и стапи во сила од 12 февруари годинава. Според тоа, не се менува своеволно. Впрочем, државата има континуитет. Покрај тоа, основниот принцип на меѓународните односи „pacta sunt servanda“ треба да се почитува од сите на меѓународната сцена, вклучувајќи ги и нашите соседни држави. Како што веќе беше нагласено, Министерството за надворешни работи внимателно и темелно го следи целосното и доследното спроведување на договорот. Кога се забележуваат доцнења, недостатоци или нарушувања во спроведувањето од друга страна, се преземаат сите соодветни активности, вклучително и демарши, објаснува Дендиас во писмениот одговор.
Пратеникот од Грчко решение во неговото прашање вели дека „името Северна Македонија што произлегува од Договорот од Преспа прекршува едно од индивидуалните права на грчкиот граѓанин” и прашува зошто не постои можност за поништување на договорот кога, како што тврди тој, Скопје „не се придржува кон обврските од договорот и ја задржува климата на иредентизам за кој што извор е Уставот на земјата”.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Одлуката на Уставен е конечна, ќе најдеме решение поединечно со компаниите
-
Се мапираат локалните предизвици
-
ИЈЗ: За една недела има над 3000 болни од грип – пријавени и два смртни случаи
-
Наместо нов Клинички, ГОБ 8-ми септември ќе станува регионален центар
-
Само електонски индекси од октомври?
-
ВМРО-ДПМНЕ до Собранието ќе донесе иницијатива за разрешување на членовите на Судски Совет
-
Камбовски: Според сегашните закони само Советот може да ги разреши членовите
-
Судски формираше комисија која ќе ги испитува претходните постапки за Васил Јованов