Македонија
3. August 2019 - 16:23

Ден по Илинден : Кој го киднапирал празникот? Партиски реакции

Срамно  киднапирање на прославата на Илинден од страна на власта, од организацијта до третманот на партиската делегација на ВМРО-ДПМНЕ. Вака опозициската ВМРОД-ПМНЕ реагира на вчерашнотот чествување на Денот на републиката. Обвинуваат дека празникот намсето државено боележје, добил партиска боја што било пониужувачко. За партијата спорни се  делови од говорите на државниците кои се обратија на Мечкин Камен и Вилата Водно.

Од партијата коментираат и дека делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ во Крушево предводена од потпретседателот Александар Николовска била неосновано исвиркана.

Од владата велат дека прославата била државничка.

„Говорот на премиерот беше темелен на пораки за обединување и помирувања. Препораката е опозцијата да го препорочита овој говор за да видат што значи говор во кој се повикува на помирување “, брифираат од владата.

Од таму додаваат дека сите партиски делегаци, вклучително и на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ беа подеднакво третирани од организаторите.

Од владејчката СДСМ пак,обвинуваат дека ВМРО-ДПМНЕ  прави поделби и за време на Илинден кој треба да обединува.

Меѓусебните обивнувања и рекации за прославата на државниот празник не стивнуваат. Во јавноста особено се коментира дали на Мечкин камен било скандирано „Северна, северна“, и дали тоа е лажна вест или пак, било испровоцирано од друга група која скандирала “Никогаш северна, само Македонија“.