Ден на жалост во Србија - сочувство за настраданите во Кочани
Српската влада го прогласи 18 март за Ден на жалост во чест на најмалку 59 загинати, а повеќе од 150 се повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што избувна на 16 март околу 3 часот по полноќ
Државните органи и организации, како и другите правни лица кои го истакнуваат знамето, се должни да го спуштат знамето на Република Србија на половина копје, со соодветно осветлување ноќе.
Радиодифузните организации за информирање на јавноста на територијата на Србија се должни во своите програми да емитуваат музика и програми соодветни за Денот на жалост, вклучително и програми наменети за странска публика, наместо хумористични, забавни, фолклорни и други програми со забавна и народна музика.
Музеите, театрите, кината, организациите кои имаат музичко-сценски програми, архивите и другите културни институции се должни да ги приспособат своите програми на Денот.
Ново на Сител
-
Докторите се борат за сите пациенти
-
Муцунски во Србија
-
Продолжува истрагата за пожарот
-
4 пациенти заминаа за Атина
-
Продолжува истрагата за пожарот
-
Чистка на Тошковски во МВР: Разрешени сите командири и началници во Штип и Кочани
-
Инспекцијата влезе во Општина Кочани, бројот на притворени расте
-
Тема на денот со Љупчо Коцевски, Државен јавен обвинител