Свет
28. March 2018 - 10:59

Ден на жалост во Русија: Почнаа погребите на жртвите од пожарот - плач и лелеци одекнуваат низ Кемерово

Во Кемерово денеска почнаа погребите на настраданите во пожарот во шопинг центарот во овој сибирски град.

На комеморациите, на кои присуствуваат десетици луѓе, се одржуваат во три градски цркви. Граѓаните носат цвеќе и положуваат венци.

Денеска ќе бидат погребани 14 жртви на катастрофалниот пожар.

Претседателот Владимир Путин прогласи денеска Ден на жалост. Знамињата се спуштени на половина копје, а сите забавни активности се откажани ширум регионот.

Во пожарот кој изби во неделата во трговскиот центар во Кемерово на четвртиот кат, на кој се наоѓало кино и детски забавен центар, настрадаа 64 лица, меѓу кои  41 дете.

Заменик рускиот министер за итни интервенции Владлен Аксјонов рече дека се пронајдени сите тела и дека сите жртви се идентификувани.

„Повеќе нема никој кој се води за исчезнат“, рече тој.