Ден на жалост во Киев - најмалку 12 загинати во нов руски напад

Најмалку 12 лица загинаа, а 33 се повредени во Киев во масовен руски напад извршен во текот на ноќта - соопшти градоначалникот на украинската престолнина Виталиј Кличко.
Во објава на „Телеграм“, Кличко рече дека спасувачките и итните служби продолжуваат со расчистување на теренот и справување со последиците од нападот во реоните Соломјански, Свјатошински и Дарницки. Поради трагедијата, градоначалникот соопшти дека 21 август е прогласен за Ден на жалост во Киев, при што знамињата на сите општински установи ќе бидат спуштени на половина копје, а забавните настани низ градот ќе бидат забранети.
Во одделно соопштение, руското Министерство за одбрана наведе дека нејзините вооружени сили извршиле масовен напад со прецизно оружје врз претпријатија од одбранбената индустрија, транспортно-логистички центар и магацини во Киев и Киевската Област. Според руското министерство, меѓу целите во Киев бил и индустрискиот објект „Фајр поинт“, каде што се произведувале компоненти за беспилотни летала со долг и среден дострел и се склопувале и складирале делови за крстосувачките ракети „Фламинго“.
Меѓу погодените цели, според руски извори, се и магацинско-производствен комплекс со кој управува „Укрспецсистемс“, монтажен објект од авионската индустрија и претпријатието „Антонов“, каде што се произведуваат беспилотните летала со долг дострел „Ан-196 љутиј“.
Руското Министерство за одбрана, исто така, извести за напади врз магацин за муниција во Киев и неколку објекти во Киевската Област, меѓу кои транспортно-логистичкиот центар Мартусивка, складиште за гориво и мазива во Бровари, како и магацини со воена опрема во пристаништата Черноморск и Пивдени.
Украина и Русија продолжуваат со размена на обемни напади со оружје со долг дострел и покрај тековните дипломатски напори за завршување на конфликтот. Последниот бран напади доаѓа во услови на неодамнешна ескалација на воените дејства од двете страни, при што се регистрираат цивилни жртви и во Русија и во Украина.
Ново на Сител
-

Променливо облачно и топло, попладне со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Ставен под контрола пожарот кај Црник
-

Шпанската полиција заплени 1,5 тони кокаин, меѓу уапсените е и еден хрватски државјанин
-

Пезешкијан: Меморандумот за разбирање со САД е најдобриот начин да се реши војната
-

Ангелов: Попладнево активни повеќе од 15 пожари, два од нив загрозуваат и населени места
-

Украина и Финска потпишаа договор за производство на дронови
-

Арагчи: Новите американски санкции се знак на очај и нема да го скршат Иран
-

Американските авиони поради кои Техеран и се закани на Софија ја напуштија Бугарија
