Ден на рударите
Рударството е еден од најважните еконосмки сегменти во земјава со учество од 1,5 % во бруто домашниот производ. По почетниот пад во првите месеци од годината, во јуни е забележан раст од близу 10 % во металопреработувачката индустрија, а во рудаството и вадење камен од околу 23 %, истакна министерот за економија Беким Незири на денешната свеченост по повод денот на рударите во рудникот „Бучим“ кај Радовиш.
Ние како Влада, како министерство за економија активно ќе помагаме на сите компании кои што работат и продуцираат нови работни места и кои партиципираат активно во рударството- изјави Беким Незири, министер за економија
Само во овој сектор во Македонија се вработени над 13 000 лица, што е голем човечки ресурс и потенцијал за намалување на невработеноста. Како резултат на својата професионална предаденост на работата, со пригодни плакети на свеченоста беа наградени 16 најуспешни рудари. Рударите од Бучим велат дека работата како и секоја друга си носи свои потешкотии и засега се задоволни од условите, платата и безбедноста.
За тешка не тешка и не може да биде кога си работиме редовно- изјави електричар во секундарно и терцијално дробење-„Бучим “-Радовиш
Со платата сме задоволни. Безбедносните средства ни се навремено доставуваат, опремата е како што треба и безбедно е-изјави Шивко Михајлов, ракувач на хранилка за секундарно дробење на рудата-рудник „Бучим“-Радовиш
Целокупната реализиција во рудникот „Бучим“ е наменета за извоз, а значителни средства се одвојуваат за општината и државата. Покрај активните рудници, годинава министерствот за економија издаде и 35 концесии за детално геолошко истражување, а на 17 од нив и за експлоатација.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
