Ден на планетата Земја: Да го зачуваме тоа што е останато и да го поправиме тоа што е веќе уништено
Невообичаените температури за одредени периоди од годината, ненадејни поројни врнежи, сонце кое пече како грејач од рерна. Временски услови за кои постарите ќе речат: во наше време не беше така, тогаш се знаеше какво време може да се очекува. Сите овие случувања се показател дека климатските промени се присутни и делуваат на метеоролошките услови. Токму топлото време во зима а ладното во пролет негативно влијаат на човечкиот биоритам но и растенијата, пред се овошјето и житните култури.
Ако ги игнорираме климатските промени, во идинина последиците ќе бидат огромни... Храната ќе биде многу поскапа...
Македонија како држава не е имуна на влијанијата од глобалните климатските промени. Иако ние не можеме да влијаеме на светско ниво, имаме многу нешта што треба да ги направиме дома.
На Самит Г20 светските лидери ќе расправаат за климатските промени, ке се носат мерки до 2030 година и Македонија ќе биде вклучена. Неопходно е македонските власти поеќе да се фокусираат на овој проблем да носат мерки, да се организираат еколошки акции за да се подигне и свеста кај граѓаните.
И од Министерството за животна средина се на став дека сите заедно мора да инвестираме во нашата планета, затоа што зелената иднина е просперитетна инднина.
-Треба да се вклучиме сите – секој да биде вклучен и секој да биде одговорен. Време е за партнерство за планетата. И додека уште има време да се реши климатската криза, време e да се избере просперитетна и одржлива иднина и време е да се обнови природата и да се изгради здрава планета за нашите деца и нивните деца. Времето е кратко. За овој ден, за сите, секој ден, инвестирајте во нашата планета!, велат од министерството.
Инаку денеска е меѓународниот ден на планетата земја. Овој ден за прв пат е одбележан во САД во 1970 година.
-
Елена Милошевска Јакимовски
Сите содржини од овој новинар