Македонија
21. December 2015 - 8:33

Ден на настава на турски јазик во Македонија

Турците во Македонија денеска го одбележуваат Денот на образование на турски јазик, кој е единствен национален празник за таа етничка заедница во земјава. 

На 21 декември се одбележува почетокот на наставата на турски јазик - во 1944 година во ОУ „Тефејуз“ во Скопје.

Со одлука на Владата на РМ од 2007 година, овој ден е неработен за турската етничка заедница во Македонија. 

По повод празникот, Турскиот театар-Скопје денеска ќе ја промовира монографијата „Со сигурни чекори до целта“, во рамки на одбележувањето 65 години од основањето.