Демонстрантите во Габон го запалија Парламентот незадовoлни од изборните резултати

Демонстрантите во Габон, кои го поддржуваат опозицискиот кандидат Жан Пинг, подметнаа пожар и ја запалија зградата на Парламентот во главниот град Либревил, откако актуелниот претседател Али Бонго, се прогласи за победник на изборите што се одржаа во саботата.
Според соопштението на Државната изборна комисија, Бонго обезбедил уште еден седумгодишен мандат, освојувајќи 49,8 отсто од гласовите, додека Пинг добил 48,2 отсто.
Разликата меѓу двајцата кандидати за претседател на оваа западноафриканска земја, изнесувала само 5.594 гласови.
Опозицијата одби да ги прифати изборните резултати, а штабот на Пинг го обвинуваше Бонго за тврдењето дека излезноста на изборите изнесувала 99 отсто, неверувајќи во резултатите што ги понуди изборната комисија.
Али Бонго, првпат беше избран за претседател на Габон, во 2009 година, кога ја презеде функцијата од неговиот татко кој беше на власт уште од 1967 година.
Палењето на Парламентот уследи по масовните и насилни улични протести на припадниците на опозицијата.
Десетици илјади демонстранти бараа од Бонго да си замине, извикувајќи дека изборите биле нефер, дека се наместени и дека на луѓето им е доста од семејството Бонго и од нивното владеење со државата.
Тие поставуваа барикади на улиците и палеа автомобилски гуми.
Неколку илјади Габонци се собраа пред зградата на Државната изборна комисја и настојуваа да влезат во неа, но беа спречени од полицијата, која употреби солзавец и водени топови.
Жан Пинг пред да влезе во политиката, беше дипломат од кариера. Тој едно време беше и претседател на Комисијата на Африканската унија.
Ново на Сител
-

Савески: Одлуката за отповикување на овластувањата на обвинителката Ристоска не беше персонална, туку е од организациска природа
-

МФ: Извршен поврат на солидарен данок од 1,219 милијарди денари кон 119 компании
-

Мицкоски: Со 400 кV далновод од ТС „Битола 2” првпат стануваме целосно поврзани со сите соседни електроенергетски системи
-

АРМ објави оглас за 300 нови војници
-

Првата пешадиска бригада го одбележува Денот на единицата
-

Случај Ивана и Катја: Наставничката сведочеше за семејното насилство и за последниот училишен ден на девојчето
-

До сабота облачно со дожд, од недела сончево и потопло
-

Ленче Ристоска поднесе оставка од обвинителската функција
