Демонстрации во Јемен по повод воздушниот напад во кој беа убиени над 140 цивили
Илјадници Јеменци протестираа на улиците на главниот град Сана, поради воздушниот напад во кој, во саботата, беа убиени најмалку 140 цивили, додека присуствувале на религиозно бдеење.
Демонстрантите се собрале пред зградата каде е сместен штабот на ОН во Сана, барајќи меѓународна истрага за извршениот напад.
Гневните демонстранти побараа одговорност за Саудиска Арабија, која е обвинета за, како што се тврди, извршениот геноцид, заедно со другите земји од арапската, сунитска коалција, што ја предводат Саудијците.
Саудиска Арабија ги отфрла обвинувањата, но властите во Ријад, сепак, ветиле истрагата за тешкиот инцидент.
Поранешниот јеменски претседател Али Абдулах Салех, кој по избувнување на војната во Јемен, во 2014 година, застана на страната на бунтовничките Хути, кои сега ја имаат под контрола Сана, ги повикал Јеменците, во знак на одмазда за жртвите, да ги напаѓаат саудиските војници на границата меѓу двете земји.
Властите во Ријад, формираа минатата година арапска воена коалиција од сунитските држави на Блискиот Исток, чии авиони ги бомбардираат позициите на бунтовниците, подржувајќи ја владата на претседателот Абдарабух Мансур Хади.
Заедно со министрите, тој побегна од Сана, кога бунтовниците навлегоа во главниот град и сега е стациониран во Аден.
Саудиска Арабија ја формираше коалицијата и покрена воена камапања против бунтовниците, припадници на шиитската секта Заида, затоа што Ријад тврди дека тие се потиканти и охрабрувани на бунт од Иран.
Во извршениот воздушен напад, има и околу 500 повредени, меѓу кои и министерот за внатрешни работи на бунтовничката влада на Хутите во Сана, Гавал ал Равишан. Сите биле собрани на бдеењето по повод смрта на таткото на министерот.
Лидерот на Хутите, Абдул Малек ал Хути во изјава преку јеменската телевизија, ги обвини САД дека „дале зелено светло„ за нападот што го извршиле Саудијците.
Ново на Сител
-
Во општина Маврово-Ростуше гласаат 68 болни и изнемоштени лица
-
Малолетник прегазен во Велес, пренесен во скопските Клиники
-
Македонските државјани во Србија гласаат на вториот круг од претседателските избори во Македонската амбасада во Белгрaд
-
Лебот нема да поскапи следните два месеца, компаниите се жалат на проблеми со ликвидноста и со одлив на кадри
-
Поевтинуваат горивата, ова се новите цени
-
Граѓаните утре можат да пријавуваат повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321
-
Цените на угостителски услуги во април зголемени за 2,5 проценти
-
Курти: Од четврток е можно заменување на српските со косовски регистерски таблички