Демонстрации во Грозни во знак на поддршка на Путин и на Кадиров

Неколку десетици илјади граѓани денеска се собраа на улиците на главниот град на Чеченија, Грозни, со цел да изразат поддршка на претседателот на Русија Владимир Путин и лидерот на Чеченската Република Рамзан Кадиров.
Се очекува на демонстрациите да се соберат околу 700.000 луѓе, јави ТАСС.
На улиците на Грозни има претставници на јавните организации и државните тела, како и студенти од Чеченија и околните региони, носејќи транспаренти на кои пишува „Вие сакате судири, а ние голема Русија“, „Јас сум за Кадиров“ и друго.
- Сакаме да го искажеме нашето силно спротиставување на оние кои фрлаат кал на земјата, бараат воведување на санкции кон Русија и се обидуваат да предизвикаат тензии, истакна организаторот на протестите и претседател на чеченскио Совет на унијата на синдикати Хусаин Солтахереиев.
Тој додаде дека демонстрантите се залагаат за стабиле развој на целата земја и на Чеченската Република и оти сакаат да им изразат поддршка на Путин и на Кадиров.
Ново на Сител
-

Јане Ченто поднесе пријава против Русковска за 27 април
-

Избегната трагедија во Охрид – Параглајдер слета меѓу луѓе
-

Семејното насилство во пораст, зошто мерките не даваат ефект?
-

Центар за хронични рани и гангрени ќе се гради во состав на геријатрија „13 Ноември” - Скопје
-

Почна реконструкцијата на Универзалната сала
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Дизелот ќе поевтини
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ знае само за блокади и предавства
