-->
-->
Демолирана канцеларијата на претседателот Иванов во Тетово
-->

Засега непознати сторители денеска со тврди предмети - парчиња од ќерамиди и бетон, и со употреба на сила ги скршиле изложните и стаклата од влезната врата на канцеларијата на претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, лоцирана на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според неговите податоци, за време на инцидентот кој се случил утроТо помеѓу 5 часот и 5 часот и 50 минути, пред и во внатрешноста на канцеларијата биле фрлени и неколку јајца.

По наредба на јавен обвинител извршен е целосен увид, оштетувањата се фотодокументирани и се преземаат мерки и активности за откривање на сторителите, рече Јосифовски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Собранието избра нови членови на ДИК и Комисијата за заштита од дискриминација
-

Расте поддршката за членство во ЕУ - 71% од граѓаните сакаат во Унијата но само 24% се за уставни измени
-

СДСМ го поддржува протестот на синдикатите
-

Јавна расправа за Нацрт-закон за отворени податоци и повторна употреба на податоците од јавниот сектор
-

Потребна е вонсезонаска понуда во Охрид
-

Во Штип лани речиси секој ден се продавал по еден стан
-

Преглед на вестите од светот
-

Србите го слават Свети Сава
