Демократско Движење: Неколку затвореници брутално се претепани
Како што дознавме, во затворот„Идризово" од страна на полицијата брутално биле претепани околу 50 затвореници. Иако вистинските мотиви не се познати, сликите кои се објавија во јавност покажуваат дека овие затвореници биле третирани на најлош нечовечки начин. Ова констатација уште повеќе го потврдува пренесувањето на истите во државна болница каде им се укажува прва помош.
Државните органи, кои ја применија ова бруталност, треба да знаат дека и затворениците ги имаат своите права утврдени со закон затоа што и тие се човечки суштества.
Додека Али Ахмети, Артан Груби и Кренар Лога, со сета сила се ангажирани да ги помилуваат делата на поранешните корумпирани и криминализирани функционери, додека Мијалков лежеше во затвор организира милионска свадба за неговиот син, додека се врши притисок врз судиите за да ги ослободат обвинетите владини лица, додека се потрудат да ги ослободат терористите од настанот 27 Април каде најтешко патеше Зијадин Села, додека ни збор не се слуша од властите за Албанците кои издржуваат казната затвор за монтирани случаи, додека вооружени конфликти се случуваат во јавни места заканувајќи го животот на граѓаните, актуелната власт ја покажува неговата сила со специјалната единица која брутално ги претепа затворениците.
Министерството за Правда и Министерството за Внатрешни Работи, мора да даваат објаснување за јавноста, бидејќи со самиот факт дека во болница завршиле околу 50 затвореници, се покажува дека нешто сериозно се случило.
Исто така, објаснувањето треба да биде адекватно и аргументирано, бидејќи во јавноста постојат различни верзии за овој настан, кој сепак можел да има поинаков епилог со помалку последици.
Ако, како што се вели од полиција се пронашле толку забранети предмети во затворот „Идризово", тогаш ова покажува дека раководството на оваа институција треба да се изјасни пред надлежните органи.
Демократско Движење
Ново на Сител
-
Директорот на Геријатрила барал 100.000 евра мито, предложил пациентот да продаде стан за да дојде до бараната сума
-
Привршува судскиот процес против Мерко за набавката на автомобил „Ауди А6“
-
Во зелениот картон ставил 5 евра, упасен грчки државјанин на Табановце
-
Министерката Божиновска учествува на ESG Adria Summit 2025 во Тиват
-
Акција на Финансиката полиција, осомничена блиска роднина на екс министерот Оливер Спасовски
-
Министерката Димитриеска-Кочоска на 10. Економски форум во Делфи
-
Царините на Трамп ги урнаа берзите ширум светот: Волстрит и Азија со акции на најниско ниво
-
Најмалку пет англиски екипи следната сезона ќе играат во Лигата на шампионите