Демократски сојуз: Беким Незири и во 2010 година претепал контролор на летање
Демократскиот сојуз најостро ги осудува обидите на власта да ја релативизира одговорноста за упадот во Контролната кула за летање на Аеродромот во Петровец.
„Да се тврди дека со упадот и насилството на осуммина бандити на ДУИ во Кулата за контрола на летање не се загрозува воздушниот сообракај е театар на апсурдот, бидејќи аргументиран и издржан став презентираа и експертите. Но, не треба да бидеш експерт за да знаеш дека со неовластен упад и насилство спрема контролорите за летање директно е загрозен авиосообраќајот. Само среќата спасила можна катастрофа“, велат од оваа партија.
Укажуваат на причините за „бегството“ на еден од тепаните, кој бил под силен притисок и закани да не дава изјава пред Јавниот обвинител.
Демокрасткиот сојуз потсетува на идентичен случај во 2010 година, кога, како што велат, Беким Незири претепал контролор на летање, потоа го избркале и него и неговата сопруга од работа, по што тој избегал во една од скандинавските земји.
„Затоа Владата мораше да ги разреши директорите на М-НАВ, Беким Незири да биде суспендиран од работното место во М-НАВ, а Судот на сите осуммина да им определи притвор.
Но ништо од тоа, на дело се партиските влијанија, партиските раководства во МВР, Јавното обвинителство И судот, кои на смислен начин го опструираат целиот криминален настан.
Партиската блокада на институциите води кон анархија, криминал и дестабилизација на државата.
Одговорност мора да има за сите кои ги кршат законите, или сега или после изборите по промената на власта“, потенцираат од Демократскиот сојуз.
Ново на Сител
-
По информациите за птичји грип во Мексико, земјава го подигна нивото на внимателност
-
Касами: Потребно е дополнително прецизирање за предлог законот за организација и работа на органите на државната управа
-
Поради сообраќајка, во прекин сообраќајот на патот Делчево - Пехчево
-
Верификувани мандатите на пратениците Аднан Азизи и Имрлије Салиу-Фетаи
-
Стапката на невработеност во првото тримесечје од годинава 12,9 проценти
-
Инфлацијата во мај зголемена за 0,9 проценти во однос на април
-
Од идната недела уште повисоки температури, на некои места и до 40 степени
-
Захарова: САД нема да можат да ја избегнат одговорноста за нападите врз Русија со американско оружје