Фудбал
25. December 2016 - 10:22

Демири ново засилување за ФК Вардар

Бесим Демири е првото засилување за македонскиот шампион Вардар во зимскиот преоден рок, а во исто време клубот спогодбено го раскина договорот со Немања Мијушковиќ.
Демири игра на позицијата лев бек, има 22 години, бил дел од академијата на Бешикташ, а со Вардар договори тригодишна соработка. Има настапувано за Шкендија Арачинови, Шкупи и Шкендија од Тетово.
 
Чевиот бек е член на младата репрезентација со која избори пласман на Европското првенство во Полска.
 
Во исто време Вардар спогодбено се раздели со дефанзивецот Мијушковиќ кој „црвено-црниот“ дрес го носеше во изминатите 18 месеци.