Демир Капија ќе гради плоштад
Во рамките на програмата „Форуми во заедницата”, во Демир Капија беа избрани проектите кои ќе се реализираат во 2016 година. Како што информираа денеска од Службата за односи со јавноста при демиркаписката локална самоуправа, жителите на Демир Капија избраа неколку инвестиции кои се приоритетни.
- На врвот на листата е проектот за изградба на плоштад на површина од околу шест илјади квадратни метри. Демиркапијци преку неколку форумски сесии побараа и рекострукција на уличното осветлување со лед светилки, реконструкција и надградба на Домот на културата, како и реконструкција и асфалтирање на улици. Меѓу приоритетите е и асфалтирањето на преостанатиот дел од патот до селото Клисура, во должина од 1.300 метри, соопштија од Службата за информирање.
Средствата за реализација на овие и уште неколку други проекти, се обезбедени во општинскиот буџет за 2016 година.
Програмата „Форуми во заедницата” е финансирана од Швајцарската Агенција за развој и соработка.
Ново на Сител
-
Можни ли се поплави во Македонија како во Босна и Херцеговина?
-
Партиски препукувања додека струмичани немаат вода за пиење
-
Тема на денот со Владимир Божиновски, политички аналитичар
-
Клиниките ќе се спојуваат во 2026, Таравари ќе враќа лекари од приватното во државното здравство
-
Бела ноќ со француската атракција групата „Кидам“ со уличниот спектакл „Сонот на Еребер“
-
Најмалку 20 загинати во поплавите во БиХ
-
Можен распад на Европскиот фронт на ДУИ поради Мендух Тачи
-
Затворена седница за ЕУ