Демант од МВР на прес - конференцијата на Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира лагите кои денеска на прес конференција беа изнесени од страна на Игор Јанушев од партијата ВМРО-ДПМНЕ, каде меѓу другите невистини, беше изнесена лага дека во СВР Скопје пред пет дена наводно било заведено дека убиството врз малолетната В.Ѓ. го извршил Љ.П., а, наводно, не било ништо преземено, се вели во демантот од МВР.
- Тоа е апсолутна невистина. Таква работа не постои. Згрозени сме од самиот факт што оваа партија дури и за ваква трагедија шири дезинформации. Министерството за внатрешни работи и ОЈО Скопје денеска на прес конференција детално презентираа се што е преземено во врска со овој случај, се наведува во демантот од МВР.
Од МВР апелираат да престане ширењето на лаги и дезинформации, кои само нанесуваат штета на истрагата.
Ново на Сител
-

Реми на македонските ракометари со Австрија
-

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал
-

Владата утре во 12 часот со вонредни мерки за горивата
-

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено распаднатото тело на жена
-

Шест лица уапсени за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие
-

Тело на жена во распаѓање пронајдено во близина на Зрновска Река
-

Пожар во куќа во Прилеп, повреден пожарникар
-

Осумгодишно дете прегазено на патот Радовиш-Конче
