Делови од Студеничани, Сопиште, Кисела Вода, Аеродром и Карпош утре без струја

Од 8:30 до 14:30 часот утре без електрична енергија ќе биде скопското село Батинци со објектите: „Златна рака“, фирмата „Весна“, „Далса Ком“, „Беровиќ Бетон“, „Зин“, „Наско и Тони Промет“ и селото Љубош, општина Студеничани.
Во периодот од 8 до 15 часот без струја ќе биде селото Осинчани и објектите на „Грин Еко Фарм“, каменолом Беровиќ и нова ТС Гама Градба во општина Сопиште.
Без струја од 12 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од селото Долно Лисиче - делот кон село Јурумлери кај Расадникот во село Долно Лисиче, општина Аеродром.
Корисниците лоцирани на улиците „Антон Попов“ и „Виктор Иго“ во општина Кисела Вода ќе бидат без снабдување со струја од 8:30 до 11:30 часот, а од 9 до 15 часот дел од Момин Поток, кај Мотоцентар во општина Карпош.
Како што информира РЦУК-Скопје, прекините се поради закажани технички зафати во електромрежата.
Ново на Сител
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Со големи попусти до 70% СЕТЕК го прославува својот 32 роденден
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова бомба со тврдења за фаворизирање
-

Љупчо Пецов Ѓаволот се предаде на полицијата, од бегство оди во куќен притвор
-

Советот на јавни обвинители утре ќе избира привремен наследник на Коцевски
