Делови од Сопиште, Студеничани, Карпош и Шуто Оризари утре без струја

Од 9 до 14 часот утре без електрична енергија ќе останат корисниците од Нова Брезница, општина Сопиште, а од 9 до 13 часот корисниците од улиците „1“, „6“ и „7“ во село Батинци, општина Студеничани.
Во периодот од 9 до 13:30 часот утре без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Хелсинки“, „Лондонска“, „Московска“, Државниот архив, од булеварот „Партизански одреди“ бр. 113А и бр. 113Б и дел од улицата „Нобелова“ во општина Карпош.
Без струја од 8:30 до 12:30 часот ќе бидат корисниците од улиците „Виничка“, „Нов живот“, „Гарибалди“, „Демирхисарска“, „Мелничка“, „Злетовска“, „Бутелски венец“, „Вашингтонска“, „Слан Дол“, „Шуто Оризари“, „Плачковица“, „Виетнамска“, „Че Гевара“ и Детската градинка и амбулантата на улицата „Шуто Оризари“.
Од 14 до 15:30 часот без снабдување со струја ќе бидат дел од жителите лоцирани на улиците „Метохиска“, „Рељо Шестокрило“ и „Гарсија Лорка“, а од 12 до 13:30 часот корисниците од улиците „Галичица“, „Нов живот“, „Виетнамска“ и „Дринска“, општина Шуто Оризари.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, прекините се поради закажани технички зафати во електромрежата.
Ново на Сител
-

Од почетокот на годината во Србија се регистрирани нови 52 медиума
-

Од утре дожд и пониски температури
-

Ѓорѓиевски: Една година без нашите ангели, сè уште е тешко да се поверува дека ни се случи ваква трагедија
-

Штип вечерва ќе им оддаде почит на загинатите во кочански „Пулс“
-

Објавени списоците за ваучери за инвертер-клими, рокот за подигнување 30 дена
-

Во скопската Зоолошка градина се роди пингвинче
-

Србинка која изнајмувала стан во Центар физички и полово нападната од сопственикот на станот
-

Во Струмица, при сообраќајна несреќа тешко повреден 16-годишен мотоциклист
