Делови од Карпош, Аеродром и Кисела Вода утре без струја

Корисниците од улицата „Ѓорѓи Капчев“ во општина Аеродром, подулици бр. „2“ и „4“ утре од 8 до 11 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.
Од 8 до 15:30 часот без струја ќе бидат и корисниците од булеварот „Партизански одреди“ бр. 66А и бр. 66Б во општина Карпош, а од 8:30 до 14:30 часот корисниците од село Љуботен.
Во периодот од 9 до 15 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од булеварот „Трета македонска бригада“ бр. 21, 29 и 31 и улицата „Фрањо Клуз“ бр. 2 во општина Аеродром, од 9:30 до 12 часот корисниците од улицата „Козле“, подулица бр. „4“ во општина Карпош, од 11 до 12:30 часот корисниците од улицата „Лисец“ во општина Аеродром, а од 12:30 до 15 часот корисниците од улицата „Христо Татарчев“, подулици бр. „9“ и „15“ во општина Кисела Вода.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето технички зафати во електро-системот од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Дваесетина пожари во земјава, пожарот на Китка се уште гори
-

Има сериозни индиции дека најголем број од пожарите се подметнати
-

Лани двајца со западно-нилска треска, годинава досега 50 потврдени и 5 починати
-

Кога “договорците” во здравството ќе добијат решенија за работа?
-

Почна втората фаза на изгрaдбата на автопатот Скопје – Блаце
-

Реакции за изградбата на дата центри во Македонија
-

Министерот Сали позитивно гледа на изјавата на еврокомесарката Кос за проширувањето
