Македонија
23. July 2017 - 14:18

Делови од Ѓорче Петров и Сопиште утре без струја

Од 9 до 12 часот утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од улицата „4 Јули“ во општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 9 до 10 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „1“ во село Горно Соње, општина Сопиште. 

Без струја од 9:05 до 15 часот ќе бидат корисниците од селата Држилово и Патишка Река, викенд населбите во истите села и „ПЦЦ Хидро“ во село Патишка Река, општина Сопиште. 

Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекините се поради закажани технички зафати во електросистемот.