Делови од Чаир, Ѓорче Петров, Центар и Карпош утре без струја
Корисниците од улиците „Серава“ и „Севастополска“ во општина Чаир, утре од 8:30 до 12 часот ќе бидат без струја.
Од 8:30 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од Ново Село, поточно подулиците со бр. 2, 4, 6, 8, 10, 12, 14, и 16 во општина Ѓорче Петров.
Во временскиот период од 9 до 12 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од булеварот „Крушевска Република“, улиците „Мирче Ацев“ и „Цицо Поповиќ“ во општина Центар, а од 10 до 15 часот дел од корисниците од улицата „Скупи“, поточно објектите во околината на куќниот бр. 1 во општина Карпош.
Корисниците од улиците „Велешка“ и „Раде Јовчевски-Корчагин“, општина Центар ќе бидат без струја од 12 до 15 часот.
Како што информира РЦУК на Град Скопје, прекините се поради технички зафати во електромрежата.
Ново на Сител
-
СДСМ утре избира претседател - зошто Филипче нема ниту еден противкандидат?
-
Нема алтернатива за ЕУ
-
Над 160 веб страници за нелегално онлајн обложување ќе бидат затворени
-
Какви цени нуди Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Aсмир Јахоски во Шутка - Судот ја прифати жалбата на обвинителството
-
Вучиќ: Ќе го уапсиме секој кој ќе предизвика нереди
-
Тема на денот со Љуљазим Фаризи, аналитичар