Делков во Тремник: Се што е ветено, но и многу повеќе, ќе биде реализирано
Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков денеска се сретна со жителите на селото Тремник. На средбата стана збор за актуелни проблеми и изноѓање решенија за нивно надминување, информираат денеска од Службата за односи со јавноста при неготинската локална самоуправа.
Во обраќањето пред локалното население од Тремник, градоначалникот Делков истакнал дека се што им е ветено на тремничани, но и многу повеќе, ќе биде реализирано.
- Градоначалникот потенцираше дека до крајот на тековнава година во ова село ќе се спроведат четири проекти. Тука е асфалтирање на патот кој води од почетокот до центарот на Тремник, за што веќе е изготвен и соодветен проект со одобрение за градба. Исто така распишан е тендер за резервоарот за водоснабдување, ќе се гради детско игралиште со поставување реквизити и ќе биде поставена постојка, соопштуваат од општинската прес служба.
Градоначалникот информирал дека согласно програмата за работа, планирано е во секое село во општина Неготино по две помали улички да се уредат со бекатон коцки, како и да се изврши тампонирање на улици со обезбеден гребен асфалт.
- На состанокот со месното население беа истакнати проблемите со вработувањето, наводнувањето на земјоделски површини, подигнување на квалитетот на водата за пиење, отворање на детска градинка, можностите за воведување забрана за движење на тешки товарни возила низ селото, како и за други теми за кои присутните покажаа интерес за дискусија, информираат од Службата за односи со јавноста.
Ново на Сител
-
Македонските фудбалерки со бод од гостувањето во Летонија ја завршија Лигата на нации
-
Гостиварчанец ја нападнал својата вонбрачна сопруга со метален предмет, а потоа ја силувал
-
Уапсен прилепчанец, криумчарел 13 кг тутун и текстил
-
Од актерство се живее ако многу се трудиш | Антонио Ташковски | ПРОфесија | Sitel Podcast 096
-
Утре без вода Чаир, Топанско Поле, Автокоманда, Железара, Бутел и Визбегово
-
Возачот кој со автомобил удри во толпа навивачи на Ливерпул останува во притвор
-
Трамп: Кина не го почитува договорот за царините
-
Јаневска очекува државна матура без проблеми, упати пораки до учениците и до тестаторите